Неславен рекорд: Никогаш немало толку земји со негативен изглед за кредитен рејтинг

191

Рејтинг агенцијата „Fitch Ratings“ во првата половина на 2020 година, го намали кредитниот рејтинг на рекордни 33 земји, а се чини таа работа не е се уште завршена, со оглед на фактот што глобалната пандемија на коронавирусот и понатаму ги нагризува јавните финансии на бројни земји.

„Никогаш во историјата на „Фич“ немавме 40 земји со негативни изгледи во исто време, откако спуштивме 33 суверени рејтинзи во првата половина од годинава“, изјави Џејмс МекКормак, глобален шеф за суверени рејтинзи.

Меѓу државите чијшто кредитен рејтинг е намален, меѓу другите, се и Велика Британија, Австралија и Хонг Конг.

МекКормак објасни дека многу влади ги зголемиле трошоците за да ги заштитат своите економии од сериозно влијание на пандемијата на коронавирус и дека очекува финансиската состојба да се влоши во сите 119 држави што ги проценува агенцијата.

Она што најмногу загрижува според МекКормак, е „што ќе се случи по кризниот период, а токму на тоа ќе биде фокусот, но и реален фактор што ќе ја одредува насоката на движење на кредитните рејтинзи.