Несекојдневно откритие во англиска библиотека:Пронајдена ретка книга со траги на арсеник

270
Фото:Leeds City Council
Ретка книга која содржи траги од смртоносниот арсеник е пронајдена во библиотека во Лидс, во централна Англија, пренесува Би-Би-Си.
Станува збор за делото Мојата лична градина:Годишник на млади градинари (My Own Garden:The Young Gardener’s Yearbook) објавена во 1855 година, а нејзините корици се со живописно зелена боја која содржи арсеник, тежок метал кој во поголеми количества може да биде смртоносен.
Ријан Ајзак, виша библиотекарка, го пронашла насловот на оваа книга во меѓународната база на отрови списи. Објавено е и тестирање и наскоро ќе се знае колку арсеник содржи.
Целта на проектот Отровна книга, кој го започна Меѓународниот институт за конзервација во Соединетите држави е да открие различни изданија на историските книги во чие печатење се користени опасни материјали и тешки метали како арсеник.
„Овој проект е важен како помош на библиотекарите низ светот да соработуваат и дознаат како и кога се печатени вакви книги, како и кои чекори треба да се преземат за нивно згрижување“, рече Ајзак.
„Неверојатно, тешки метали биле некогаш чести во производството на книги како начин да се добие оваа естетски убава нијанса на зелена, а иако луѓето биле свесни дека материите како арсеникот се штетни, веројатно не знаеле дека постојат начини на кои е можно да се внесат во организмот“, додаде таа.
Инаку, во книгата се содржани совети за млади градинари.

Посветата во книгата покажува дека Каролина Гот ја добила од својот татко Вилијам во 1855 гофина. И двајцата се членови на семејството Гот од Лидс кое се занимавало со трговија со волна.

„Фактот дека книгата му припаѓала на семејстовто Гот само значи дека таа е дел од историјата на Лидс и дека со внимателно чување може да остане дел од нашата колекција“, рече Ајзак.