Несекојдневен инцидент во Женева:Пијан полицаец испукал седум куршуми во полициска станица

121
Пијан полицаец во Женева седум пати пукал од службеното оружје во полициската станива и ранил колега во стапалото, пренесоа локалните власти во Швајцарија.
Полицаецот, кој е дел од бригадата за борба против шверц со наркотици, почнал во петокот да пука додека бил во просториите на својата бригада во полициската станица во Женева, наведоа властите непрецизирајќи детали бидејќи истрагата е уште во тек.
Мажот пукал  „под дејство на алкохол“ седум пати од службеното оружје во присуство на пет колеги.
Еден е повреден во стапалото и морал да оди на операција, соопшти тамошното обвинителство и додаде дека полицаецот е сослушан и пуштен на условна слобода.