Непознати детали за поранешната прва дама на СФРЈ -Јованка Броз била роднина со Никола Тесла

510

Големиот научник Никола Тесла бил еден од родниите на поранешната прва дама на СФРЈ, Јованка Броз, откриваат српските историчари.

Последната сопруга на Јосип Броз -Тито, е родена на денешен ден, 7 декември 1924 година во местото Пеќане во Лика, во семејството на Михајло и Милица Будисављевиќ. Историографијата бележи неколку угледни членови на нејзиното семејство.

„Еден од роднините на Јованка бил и Никола Тесла, бидејќи нејзиниот роднина Тома бил прадедо на Тесла“, истакнува историчарот Огнен Карановиќ.

Малку е познат и фактот дека Јованка по венчавката со Јосип Броз –Тито, го задржала и своето презиме – Будисављевиќ.