Непечен кремаст куглоф со пудинг и банани

559

Сакате да подготвите нешто слатко и вкусно, без посебни подготовки и губење многу време, хаос во кујната, нечисти садови…Имате многу причини да подготвите едноставен куглоф, без печење и без многу мака. А, добро ќе се засладите.

Состојки: 

  • два пудинга од ванила
  • две банани
  • 150 гр кекси
  • 6 лажици шеќер
  • 600 мл млеко

Подготовка:

Во сад со млеко сварете ги пудинзите на вообичаен начин, според упатството. Откако ќе се свари пудингот, тргнете го настрана и одвреме промешувајте за да не се направи кора.

Две банани, насецкајте ги на кругови, и наредете ги најдоле на калапот за куглоф (овој колач го правевме во силиконски калап). Врз нив, наредете кекси во еден ред цели парчиња, не мора да ги кршите.

Врз нив ставете го пудингот и распоредете го подеднакво во целиот куглоф, за да го покрие редот со кексите. Најгоре ставете уште еден ред кекси.

Така подготвен куглофот ставете го во фрижидер, околу два часа.

Откако убаво ќе се олади превртете го. Можете да го украсите со течно чоколадо, но и без тоа е фантастично вкусен.

Уживајте!