Неочекувана помош за Реал (М), Наполи и Лион

167

На почетокот од месец август треба да се одиграат последните четри реванш натпревари од 1/8 финалната рунда во Лигата на шампиони, но челниците во Европската куќа на фудбалот (УЕФА) сакаат сите натпревари да бидат одиграни во Порто и Гимараеш.

Финалниот турнир од годинашното издание на најпрестижното клупско натпреварување треба да се одигра во Португалија и затоа УЕФА сака и преостанатите натпревари од 1/8 финалната рунда да се одиграа на исто место затоа што во голема мерка ќе се олесни организацијата според протоколите за коронавирусот.

Сепак, таквата можна одлука сигурно нема да им се допадне на тимовите кои треба да бидат домаќини на реванш дуелите од 1/8 финалната рунда. Дефинитивно најлошо би поминал Манчестер Сити, кој има предност од 2:1 по гостувањето кај Реал (М) и со тоа ќе ја загуби предноста на домашниот терен. Бројни светски медиуми јавуваат дека „граѓаните“ лобираат против ваквиот исход, а слично се чувствуваат и во Барселона, која очекуваше реванш на својот „Камп Ноу“ по ремито во Неапол (1:1).

Јувентус исто така го чека реваншот од Лигата на шампиони со дефицит, со оглед дека загуби во Лион (1:0), додека Баерн (М) е, можеби најнезагрижен, бидејќи рутински го совлада Челзи во Лондон (3:0).