Неодоливи залачиња-колачиња од бадем и кокос за Пасха

228

Денес е Пасха, празничната трпеза не смее да помине без овој десерт!

На овој ден, кој е најважен празник во јудаизмот, а годинава се падна на 8 април и ќе трае 7-дена. Вечерва, еврејските семејства се собираат на традицоналната вечера „седер“ што значи ред, бидејќи целиот ритуал на вечерата се изведува со посебно одреден ред.

Но, ние сега сме кај десертите.

За време на Пасха, десертите можат да бидат вистински погодок, или, некогаш, за жал, да не успеат, токму кога најмногу се трудите. Докажано Марфиево правило.

Но, тоа нема да ви се случи вас. Пробајте го овој малку видоизменет, модерен пристап, со состојки кои се користат во последно време за приготвување здрави десерти, ама сепак, задржувајќи ја традицијата и направете ги овие неодоливи залачиња од кокос и путер од бадем.

Омилени ќе им бидат на сите оние кои што сакаат да избегнуваат слатки без брашно и шеќер.

Потребно е:

  • 1 ¼ чаша незасладен рендан кокос
  • ¼ шолја путер од бадем
  • 2 лажици течен засладувач (сирум од урми, јаворов сирум, мед или нектар од агава)
  • 1 лажиче сол
  • ¼ шолја какако во прав
  • ¼ чаша масло од кокос, растопено

Приготвување:
Прво што треба да направите е да го растопите путерот од коксо, кој е потребен за најдолниот слој. Сипете го ренданиот кокос во бледнер и оставете го да се сомеле убаво 7-10 минути. На секои неколку минути прекинувајте ја машината за да ги соберете деловите што се собираат по страните. Ќе видите дека кокосот ќе добие еден вид текстура на путер. Треба на крајот да стане кремест и мазен.

Потоа направете го слојот од јатки. Измешајте ги путерот од бадем, засладувачот и малку сол Ттреба да добиете фина маса. Преместете ја настрана откако ќе биде готова.

Направете го чоколадниот фил така што во блендер ќе ги измешате какаото во прав, засладувачот по ваш избор, масло од кокос и сол за вкус. Кога ќе биде готов, тргнете го настрана.

Во калап за минимафини ставајте по една лажица од путерот од кокос и оставете го во ладилник за длабоко замрзнување на пет минути убаво да се стегне. Потоа ставете по една лажица од смесата со путерот од кокос како втор слој. Израмнете со прст, потоа замрзнете на уште 5-10 минути. На крајот ставете од последната паста со какао, односно чоколадниот фил најодозгора па вратете го калапот за минимафини повторно во фрижидер, овој пат 20-30 минути.

Кога ќе изгледаат сосема замрзнати, извадете го калапот од замрзнувач. Со помош на нож за путер извадете го секое колаче од калапот. Чувајте ги во стаклен или соодветен пластичен сад во фриждер, ако се во редови нека бидат помеѓу хартија за печење, и послужете ги изладени.