Несекојдневни топчиња со кашкавал

233

Меки како душа, а ни грам пченично брашно. Страста за месени работи не мора да биде пречка да се ужива во мирисни печива.

Потребно е:

  • 1 јајце
  • 100 рендан кашкавал
  • 100 г брашно од тапиока
  • 2 лажици оризово брашно
  • 50 мл млеко
  • Лук во прав
  • Оригано
  • Босилек

Приготвување:

Во сад ставете ги јајцето и млекото, па изматете ги со лажица. Додадете 100 грама изрендан кашкавал, и измешајте ги. Во смесата додадете го брашното од тапиока, лукот во прав, босилекот, ориганото и солта. Измешајте ги убаво сите состојки и спојте ги со помош на шпатула. Сега додадете ги двете лажици оризово брашно, да не остане тестото влажно, па продолжете да месите со рацете. Кога ќе добиете компактна, ама мека топка што не се лепи тестото е готово. На плех обложен со хартија за печење редете помали топчиња тесто. Печете ги на 180 степени Целзиусови 15 минути.