На Скијатос, еден од најпознатите грчки острови, авионите слетуваат на чудесен начин, на неколку метри над главите на туристите.

Голем дел од туристите на ова место доаѓаат токму поради оваа интересна глетка. „Вооружени“ со камери, фотоапарати, телефони со добри камери…туристите се на „готовo“ за да направат што подобра фотографија, или видео од ова опасно слетување на авионите.

Некои од нив дури и покрај опасноста, се качуваат на ѕидот покрај пистата, без страв дека авионот буквално „за влакно“ може да ги удри или оддува.

Минатата година едно момче од Британија можеше да настрада кога авионото при слетувањето го оддува на 10 метри од местото каде што стоеше. За среќа падна на песок и се извлече со мали повреди.