Необичен гостин во Сплит: Дива свиња се прошета на познатата „Рива“

203

Необична фотографија од Сплит осамна денеска во хрватските медиуми. По култната сплитска „Рива“ се прошета мала дива свиња, објави „Далматински портал“.

Додека жителите на Сплит што се затекнале покрај брегот со неверување гледале во чудниот посетител, малата свиња безгрижно се шетала низ пристаништето за траекти.

Постарите жители на Сплит пак потсетија дека свињите се одличнио пливачи и дека на хрватското приморје не е реткост тие да препливуваат од остров на остров или од остров на копно. Можно е велати животното незабележано да влегло на траектот и така да стигнала до Сплит.