Ненајавена блокада на автопатот Тетово-Скопје од револтирани граѓани поради зголемената цена на струјата

122

Сообраќајот на автопатот од Тетово кон Скопје вечерва беше ненајавено блокиран 30-тина минути од страна на дваесетина автомобили со луѓе од дел од иницијативата „Доста е“ кои веќе осум недели организираат јавни протести во тетовско поради незадоволство и револт од зголемување на цената на електричната енергија.

Околу 19 часот групата со своите автобилите стигнаа до пред Желино каде го блокираа движењето на останатите возила на потегот од Тетово до Желино.  Сообраќајот на тој начин беше блокиран околу 30-тина минути по што групата ги тргна возилата и замина.

Ваков протест со блокада на автопатот имаше на 21 август.  Минатата недела јавни протести беа организирани и во неколку рурални средини.

Граѓаните бараат пониска цена на струјата за 46 отсто, укинување на регулаторната комисија, да се намали ДДВ од 18 на пет отсто и да се формира независен арбитрарен орган кој што ќе верификува квалитет на услуги и ги адресира поплаките на граѓаните од енергетските компании.

Извор:МИА