Тажна вест го погоди одбојкарскиот свет. Во вторникот наутро, ненадејно почина Раиса О’Фариљ Боланос (51). Боланос беше една од најдобрите одбојкарки во своето време, а со кубанската репрезентација освои два последователни олимписки златни медала – на Игрите во Барселона во 1992 година и во Атланта во 1996 година.

За време на Олимписките игри во Барса, го освои турнирот без загубен натпревар, вклучително и финалето во четири сета против САД. Во Атланта 1996 година, Куба, исто така, победи откако ја совлада Кина на мечот за златниот медал.