Изминатава недела главна тема во американските медиуми беше тешката сообраќајка со смтрни последици која ја направи младиот НФЛ играч, Хенри Рагс Трети. Тој со својот автомобил дивеел низ улиците на Лас Вегас, па со брзина од 250 километри на час (дозволено 60 кил. на час) и во пијана состојба (двојно повеќе од дозволеното) удрил во друго возило во кое настрада 23-годишната девојка Тина Тинтор, која има потекло од Србија

Рагс поминал со полесни повреди, бил пренесен во болница, но по ова ќе биде строго казнет, а клубот веќе поведе и дисциплинска постапка и можно е суспензија и одземање на плата од актуелниот договор. Според пишувањата на американските медиуми, Рагс се очекува да биде осуден на затворска казна до 20 години, со што би му завршила кариерата, а по отслужувањето на казната нема да може да извршува никакви функции во НФЛ, дури ни како тренер, претседател, директор…

Споменатиот играч е роден во 1999 година и важеше за еден од НФЛ играчите кои во иднина би можеле да одбележат ера на најпопуларниот спорт во САД, кој има свои обожаватели и надвор од американскиот континент.

Меѓутоа, нови потреси околу овој случај имаше по изјавата не неговиот соиграч, Дерек Кар, кој реши да му прижи поддршка.

  • Ќе бидам секогаш покрај него, тоа нема да се промени. Јас тоа ќе му го покажам, но луѓето во овие моменти треба да го сакаат. Сигурно се чувствува многу лошо и му треба љубов од луѓето. Ако никој друг не сака да му ја покаже, јас тоа ќе го направам, истакна Кар.

Поради оваа изјава на Кар, твитерџиите распалија по него.

  • Нему не му треба љубов, туку затворска ќелија. Тој уби девојка која имаше само 23 години, гласеше еден од коментарите.

-Запали жива 23-годишна девојка, така што возеше со 250 километри на час, а ти му даваш поддршка и му пружаш љубов, се надоврза друг корисник на Твитер.