Актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, е на добар пат да излези како победник во трката по потписот на стандардниот првотимец во дресот на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Џуд Белинграм, тврдат британските медиуми. Репрезентативецот на Англија важи за голема желба на челниците на Манчестер Јунајтед и на Ливерпул, но тие на Сити се подготвени да одвојат 83 мил. фунти за неговото обештетување.