Француските медиуми открија дека брзоногиот напаѓач на актуелниот шампион во Лига 1, тимот на ПСЖ, Килијан Мбапе, може да добие дополнителен бонус од 90 мил. евра. Најавениот бонус за репрезентативецот на Франција ќе стане реалност само доколку Мбапе за време на летниот преоден рок ја одбие евентуалната понуда на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М) и ако остане на „Паркот на принцовите“.