Холивудскиот заводник и вечниот бунтовник актерот Шон Пен се разведува и ова му е трет пропаднат брак. Пен (61) се разведува од својата 29-годишна сопруга австралиската актерка Лејла Џорџ, по само 15 месеци, пренесува магазинот „Пипл“.

Австралиската актерка во петокот поднесе барање за развод од 61-годишниот актер во Високиот суд во округот Лос Анџелес. Причината за нивната разделба во моментов не е позната.

Шон и Лејла беа во врска од 2016 година, а се венчаа во јули 2020 година по четиригодишна врска. Бидејќи тие одлучија да се венчаат среде пандемија, „церемонијата“ се одржа преку Зум.

„Имавме ковид венчавка. На Зум имавме матичар, а ние бевме во куќата заедно со моите две деца и нејзиниот брат “, рече Пен по необичната венчавка.

Неговата наскоро поранешна сопруга Лејла е неколку месеци помлада од неговата ќерка Дилан (30) и две години постара од неговиот 27-годишен син Хопер. Таа е ќерка на познатиот актер Винсент Д’онофрио

Патем, Лејла беше трета сопруга на Шон. Претходно беше во брак со Мадона и актерката Робин Рајт.

Исто така, кон крајот на 2013 година, тој беше во врска со актерката Шарлиз Терон, а тие раскинаа две години подоцна.