Нема расправа по амандманите на Предлог на законот за инспекциски надзор во животната средина

32

Во петокот, во Собранието не се разгледаа поднесените амандмани на Предлог на законот за инспекциски надзор во животната средина. Долго време се дебатираше дали претставниците од Граѓанскиот Инспекциски Совет и Алијансата „Разбистри сè“ треба воопшто да се во салата или да бидат во галеријата каде се новинарите, односно дали имаат или не право на учество во работата на Комисијата.

Главната причина зошто може само да се неми посматрачи е зошто не биле поканети, сами си барале да се вклучат, иако на тоа барање се доби позитивен одговор од Комисијата за европски прашања и се побара присуство на двајца претставници.

– Собранието со начинот на кое работи во своите работни тела не покажува никаква отвореност која деловникот ја дозволува, но тие одредби не се применуваат и наместо суштински расправи, има партиско гласање и клановска затвореност. На пример, во Комисиите може да има двајца членови од редот на научните и стручните работници од кои едниот се избира на предлог на пратеничките групи од партиите на власт, а другиот на предлог на пратеничките групи од партиите во опозиција. Овие членови не можат да бидат членови на органите на политичките партии и немаат право на одлучување, но секако имаат право на мислење и на отворање на суштински дебати. Оваа можност која ја дава деловникот не се користи – информираат од 02 Иницијатива.

Исто како и можноста на седниците на Комисиите, како таа во петокот, да присуствува и да учествува во работата секој подносител чиј предлог се разгледува, а кога се разгледува предлог на закон или друг акт во второ читање, како во петокот, задолжително присуствува и во работата учествува и претставник на подносителот чиј предлог се разгледува. Во случајот тоа беа двајцата претставници од граѓанскиот сектор чии предлог амандмани требаше да се разгледаат. Но, тумачењето ќе биде кој е подносител, дали тоа може да се сметаат граѓанските организации итн.

– Останува да се надеавме дека ако постои интерес од надвор и доволно волја од внатре, дека ќе посведочиме на вклученост на научни, стручни лица, претставници на општините, на градот Скопје, на јавните претпријатија, синдикатите и на други организации, институции и здруженија, во работата на Комисиите. Можеби токму на следната седница на Комисијата за европски прашања, каде ќе се води расправа по амандманите на Предлог на законот за инспекциски надзор во животната средина, со учество на претставници од граѓанскиот сектор, подносители на предлог амандмани – децидни се од 02 Иницијатива.