Нема повеќе пари за субвенции за електро тротинети

86
Со тротинет по целиот свет

Град Скопје информира дека се исцрпени средствата предвидени за субвенции за купување електро тротинети, односно вчераа до 12 часот беа пристигнати околу 200 барања.

– Со ова, условот за завршување на јавниот повик е исполнет, а барања на граѓаните за субвенции за електро тротинети вработените во Архивата на Град Скопје нема да ги примаат – велат од Град Скопје.

Со јавниот повик за субвенции за купување на електрични тротинети, граѓаните на подрачјето на градот Скопје имаа можност да набават електро тротинети, а Град Скопје да ги субвенционира во висина од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7. 000 денари со вклучен персонален данок на доход.