Нема пари за Хакими

113

Близок извор до таборот на италијанскиот калчо гигант Интер откри дека клупските челници имаат сериозен проблем кога е во прашање трансферот на мароканскиот интернационалец Ашраф Хакими. Офанзивниот бек беше купен од шпанскиот гигант Реал (М) за време на летниот преоден рок, а двата клуба се договорија обештетувањето од 40 мил. евра да биде исплатено на три рати. Интер ја плати првата рата, но поради финансиските проблеми втората рата се уште не е исплатена. Челниците на Реал (М) испратија ултиматум, или пари или Хакими да се врати во Мадрид.