Македонската ракометна репрезентација веќе го осигура настапот на Европското првенство во 2022 година во Унгарија и Словачка, но тоа не значи дека нема да атакува на победа и на последниот натпревар од квалификациите против Швајцарија на домашен терен.

Селекторот на македонската репрезентација , Кирол Лазаров, потврди дека левото крило Дејан Манасков сигурно нема да гра на овој натпревар поради повредата здобиена на мечот со Финска, а Мартин Велковски има мали проблеми, но би требало да се појави на теренот.

На последниот дуел Швајцарците загубија минимално од Данска, па ќе се обидат да го поправат впечатокот на ова гостување.

Мечот меѓу Македонија и Швајцарија се игра в недела со почеток од 18.00 часот