Нема оправдување:Главни заклучоци во извештајот за прославите организирани во Даунинг стрит за време на „локдаунот“

28

Извештајот на државната службеничка Сју Греј во врска со тврдењата за забавите организирани во канцелариите на британскиот премиер Борис Џонсон во Даунинг стрит за време на „локдаунот“ во земјата, е ограничен во детали, со оглед на посебната истрага на Метрополитен полицијата.

Главните заклучоци содржат:

– Со оглед на ограничувањата што владата ги наметна на пошироката јавност и жртвите кои требаа луѓето да ги направат, „некои од однесувањата околу овие собири е тешко да се оправдаат“, напиша Греј.

– Има „сериозен неуспех“ да се запазат високите стандарди во Владата.

– „Премалку се размислувало“ за тоа како јавноста, погодена од најстроги ограничувања во секојдневниот живот, ќе гледа на ваквите собири.

– Во нејзината најсилна критика, таа наведува дека одговорните во Даунинг стрит и Кабинетот демонстрирале „неуспеси во лидерството и расудувањето“. „Не требаше да се дозволи да се случат некои од настаните. Не требаше да се дозволи други настани да се развиваат“, напиша таа.

– Прекумерното консумирање алкохол на работно место „не било соодветно“, по извештаите за пијани лудории од персоналот, вклучително и шверц на куфер полн со алкохол во Даунинг стрит.

– Градината на Даунинг стрит беше злоупотребена за собири „без јасно овластување или надзор“.

– Некои од 70-те луѓе од кои Греј земала изјава рекоа дека се чувствуваат „неспособни да пријават или да го оспорат лошото однесување“.

– „Од овие настани може да се извлечат значајни заклучоци што мора веднаш да се решат во Владата“, заклучи Греј. „Не треба да се чека да се завршат полициските истраги“