Нема одлука: Како учениците ќе следат настава од септември?

44

Продолжуваат преговорите за тоа како ќе се организира наставата за учениците од Северна Македонија, изјави министерот за образование и наука, Арбр Адеми.

Иако денеска се очекуваше да падне одлука, сепак, до такво нешто не дојде, а учениците се уште се во неизвесност за учебната година.

„Има повеќе модели за кои се разговара, но се ќе зависи од епидемиолошката слика низ градовите во земјава. Во овој момент е најлесно тоа да биде со онлајн учење, но, преговорите продолжуваат и во наредните денови“, истакна Адеми.