Се погласни се шпекулациите дека италијанскиот калчо гигант Милан нема да ја продолжи соработката со хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ. Искусниот напаѓач пристигна на „Сан Сиро“ за време на зимскиот преоден рок, но постојано е повреден и има одиграно само неколку натпревари во Серија А. Манџукиќ има договор со Милан до крајот на актуелната сезона, а истиот треба да биде продолжен доколку „росонерите“ обезбедат пласман во Лигата на шампиони.