Нема поубаво од домашни:Тортиљи од пченкарно брашно

1524

Во латино-американскиот свет тие се синоним за леб. Овие прекрасни тркалезни рамни и плоснати тркала од тесто се незбежни на секоја трпеза – и со нив може да се мака во омилените макала, ама и да се полнат со најразлични филови за да се добие секој пат поинаков оброк – полнет замотан сендвич, бурито, отворено полнето тако, кесадиљи и што се не.

Печнарните тортиљи се посебни бидејќи се здрави и неодоливо вкусни. Ги снемува за час – дотолку примамливи што некои дури и ги јадат без никакво полнење. Можеби, особено поради тоа што се домашно приготвени.

Потребно е:

  • 300 г пченично брашно
  • 200 г пченкарно брашно
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/2 лажиче шеќер
  • 50 г масло
  • 1/2 ќесиче прашок за печиво
  • млака вода, по потреба

Приготвување:
Во сад за мешање спојте ги прашокот за печиво, пченичното и пченкарното брашно. Додадете сол и шеќер и измешајте.

Потоа додадете масло и вода и замесете тесто. Покријте го со крпа и оставете го да се одмори 2 часа.

Отстoеното тесто поделете го на 10 топчиња и развлечете го секое топче во тенка тортиља. Печете ги тортиљите на тавче, при што тоа треба да биде премачкано со малку путер само за првата.

Слободно може да се печат и во тавче за приготвување палачинки. Доколку не ги употребувате веднаш, замотајте ги во влажна крпа за да не се исушат. Можете и само малку да ги печете, па да ги допечете за да бида совршени кога ќе ги консумирате.

Филувајте ги по желба – свеж зеленчук, црвено гравче измешано со пченка, кратко пропржено пилешко со зачини, хумус и фалафел ќофтенца….