EPA-EFE/J.J. GUILLEN

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во Мадрид доби признание за досегашните резултати, а во таа прилика беше прашан за крајот на кариерата. Сето ова се случи неколку дена откако Швајцарецот Роже Федерер, објави крај на кариерата.

-Се надевам дека оваа награда не ми беше доделена мислејќи дека мојата кариера е завршена. Далеку од тоа, не е мојата намера, изјави во таа прилика Рафа Надал.

Наградата му ја врачи кралот на Шпанија, Фелипе IV.

Шпанецот имаше доста проблеми со повреди оваа сезона, но се врати на најдобар начин. Тој ги освои Австралија опен и Ролан Гарос.  Моментно е трет тенисер на АТП листата.