Нема коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, на локалните избори Алијанса на  Албанците/Алтернатива оди сама

89

Коалицијата Алијанса/Алтернатива сепак одлучи да оди сама на локалните избори, барем во првиот круг. За потоа, велат ќе донесат одлука дали ќе влезат во коалиција со некоја од партиите, пренесува ТВ21.

Претходно од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека се во преговори со оваа коалиција и дека разговараат за заеднички настап на изборите во октомври.

„Ние како коалиција, досега, имаме став дека на првиот изборен круг одиме сами, за вториот изборен круг, ќе гледаме како ќе биде политичкиот настан во секоја општина поединечно со што ќе донесеме заклучок. Меѓутоа, ова не е конечно. Сепак двете политички партии од коалицијата наскоро ќе се сретнат и ако има некоја промена во овој став ќе биде информирани“, посочи  пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи.