Нема договор со Кулибали

79

Контроверзниот сопственик на Наполи, Аурелио де Лаурентис, се уште не може да го реши проблемот кој го има со сенегалскиот интернационалец Калиду Кулибали. Централниот дефанзивец има договор со италијанскиот калчолигаш до 2023 година, но тој веќе ги информирал клупските челници дека сака да ја промени средината до крајот на летниот преоден рок. Исто така, Кулибали сака да биде продаден на каталонскиот гигант Барселона.