Нема да те спасат ниту телохранителите!

110

Најдобриот фудбалер во дресот на Фиорентина, српскиот интернационалец Душан Влаховиќ, има и повеќе од сериозен проблем со најрадикалните фанови на италијанскиот калчолигаш.

Најверните навивачи на „виолетовите“ во изминатите неколку месеци му порачуваа дека може било каде да ја продолжи својата фудбалска кариера, само да не ја прифати понудата на најголемиот ривал, тимот на Јувентус.

Репрезентативецот на Србија на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а тоа значи дека ќе биде продаден до крајот на зимскиот преоден рок. Како што пишуваат италијанските медиуми, раководните лица на Фиорентина постигнале договор со челниците на Јувентус, а таквата информација била на „нож“ дочекана од најрадикалните фанови на „виолетовите“. Неколку часа подоцна, откако беше пласирана информацијата, навивачите на Фиорентина пред стадионот закачија неколку транспаренти на кои беа напишани навредливи пораки за 21-годишниот напаѓач.

  • Нема да те спасат ниту телохранителите. Цигане, готов си, пишуваше на првата, а втората беше уште понавредлива.
  • Влаховиќ, го*нару! Гигане.

Како што јавуваат фудбалските медиуми на Апенинскиот полуостров, челниците на двата клуба постигнале договор околу обештетувањето од 67 мил. евра. Првиот човек на „виолетовите“, Роко Комисо, на почетокот инсистираше на 80 мил. евра за обештетувањето, но на крајот попушти, откако му беа ветени уште 3 мил. евра преку најразлични бонуси.

Репрезентативецот на Србија треба да потпише 5-годишен договор со „старата дама“, кој му гарантира годишна плата не помала од 7 мил. евра. Голем интерес за неговите услуги покажуваа и челниците на лондонскиот премиерлигаш Арсенал кој според британските медиуми биле подготвени да одвојат околу 50 мил. фунти за неговото обештетување и околу 300.000 фунти за неговата неделна плата.