Нема да се игра и Вимблдон, тенисерите бараат пари од АТП и ВТА

91

Судејки по се што се случува и како се одвива пандемијата со коронавирусот, тенисот би можел да биде најпогодениот спорт. Имено, додека фудбалерите и кошаркарите се надеваат дека би можеле да се вратат на тренот во мај или јуни од белиот спорт доаѓаат поинакви информации.

Претседателот на тениската федерација на Германија, Дирк Хордоф, сподели информација која не им се допадна многу на љубителите и учесниците во овој спорт.

-По откажувањето на Ролан Гарос истото ќе се случи и со Вимблдон. Постои шанса турнирот во Франција да се одигра во друг термин, додека за овој во Лондон и да нема шанси да се одржи. Сезоната на трева е сигурно завршена, изјави Хордорф и додаде:

-Искрено, јас би бил многу среќен кога тениската сезона би продолжила во октомври, заврши Германецот.

Челниците во овој спорт се уште размислуваат кои се најдобрите опции за продолжување на сезоната, а повеќе информации за овој проблем ќе бидат познати во наредниот период.

Во меѓувреме додека челниците бараат решение на интернет е покрената интересна петиција од страна на тенисерките и тенисерите.  Послаборангираните тенисери и тенисерки останаа без примање и затоа побараа финансиска помош од ИТФ, АТП и ВТА.

Каква е ситуацијата меѓу послабо рангираните тенисери и тенисерки најдобро ја опиша Софија Шапатава од Грузија.

-Разговарав со своите колеги и пријатели и ги прашав какви им се плановите за наредните месеци. Лошо рангираните играчи немаат заштеда. Обично заработуваме со играње на турнири. Сега тоа не е можно. Никој не води сметка за нас, рече Софија и додаде:

-Имам за храна, но и понатаму треба да плаќам сметки. Сигурна сум дека многу ќе се откажат од тенисот, бидејќи сите пари ќе ги потрошат за да преживеат, нема да можат да патуваат по турнирите кога сето ова ќе заврши.