Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, изминатите неколку денови е забележан во Белград со своето семејство, а по првиот тренин по подолга пауза зборуваше на најактуелната тема во целиот свет,

Веќе некое време во светот на спортот се зборува за мерките кои ќе треба да ги прифатат тенисерите на почетокот од 2022 година на Австралија опен. На овој турнир ќе биде задолжирелно сите тенисери да бидат вакцнирани, а кога се спомнува вакцинацијата неизбежна тема е и светскиот рекет број еден, Неговите изјави за евентуална задолжителна вакцинација во минатото станаа контроверзни заради големиот број на реакции кои стигнаа од сите страни.

Неодамна државата Викторија во која се наоѓа и Мелбурн, градот домаќин на првиот грен слем турнир донесе одлука за задолжителна вакцинација на спортистите , но се уште не е целосно јасно дали ова ќе се однесува и н спортистите кои доаѓаат од другите држави.

Според зборивите на српскиот тенисер, одлуката ќе се дознае за две недели, а тогаш ќе биде познато далио Новак ќе ја брани титулата на Австралија опен.

-Ја следм целата ситуација околу Австралија опен и колку што имам разбрано конечната одлука Владата на Австралија и тениската федерација на оваа земја ќе ја донесе за две недели, значи тоа е втората недела од месец ноември. Не верувам дека нешто многу ќе се смени во однос на условите. Како што беше и оваа година ќе има реакции и за условите за наредната година. Она што го слушнав од мојот менаџер кој е во директен контакт со челниците на Австалиската тениска федерација е тоа што тие се обидуваат да ги подобрат услвите за сите. И за оние што се вакцинирани и за оние што не се вакцинирани, изјави Ѓоковиќ и доаде:

-Нема да откријам дали сум вакциниран или не. Тоа е приватна работа, тоа е невкусно прашање кое не смее никој да ти го поставува. Премногу луѓе денеска си допуштаат таква слобода да ги осудуваат луѓето. Медиумите почнаа да шират страв и паника меѓу луѓето и јас не сакам даучествувам во тоа. Чувствувам дека сите се непријатески настроени. Не сакам да им дадам повод да пишуваат некои работи за мене. Спортски ви велам дека не знам дали ќе одам во Австралија, но јас сакам да одам. Австралија опен е мојот најуспешен грен слем турнир, сакам да учествувам, го сакам овој спорт и имам голема мотивација да победам пак во Мелбурн, заврши Ѓоковиќ.