Нема да дадам оставка, а криви се и медиумите

44

Италија со минимални 1:0 ја доби пресметката против Велс, додека Швајцарија ја совлада Турција со 3:1 (2:0), во последното коло од групната фаза на ЕП 2020.

Пласман во осминафиналето обезбедија репрезентациите на Италија и Велс, додека Швајцарија ги заврши настапите во групата „А“ како третопласирана со идентичен број на бодови како и Велс (4), но поради послаба гол-разлика ќе мора да ја чека разврската во преостанатите пет групи за евентуален пласман во нокаут фазата.

„Азурите“ не знаат за пораз на последните 30 натпревари, а со погодокот на Матео Песина дојдоа и до 11. победа по ред.

Швајцарија триумфираше во Баку над Турција со головите на Харис Сеферовиќ (6. минута) и Џердан Шакири (26, 68 ). Ирхан Кавечи беше стрелец на почесниот гол за Турција, која имаше разочарувачки настап на ЕП 2020 забележувајќи три порази со гол-разлика (1:8).

  • Овој малд тим ќе биде заштитен знак на турскиот фудбал во следните 10 години. Сепак, сфесни сме дека е неприфатлив постигнатиот резултат на ЕП 2020. Јас сум одговорен за ова. Моментално не размислувам за никаква оставка, сметката за неуспехот мора да се плати, но одговорни се медиумите, одговорна е управата, одговорен е и стручниот тим. Ова беше голем тест за сите нас, но понекогаш неуспехот може да ти даде поголемо искуство во споредба со успехот, изјави селекторот на Турција, Шенол Ѓунеш.