EPA-EFE/ANDY RAIN

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, откри дека е под голем стрес поради раѓањето на неговото прво детето. Неговата сопруга Чиска е пред породување и поради тоа му е тешко да зборува за тенис. Претставниците на „седмата сила“ го искористија неговото присувство на Лејвер купот (од каде се повлече поради семејни причини) за да го прашаат за пензија и дали воопшто размислува за тоа.

-Не се чувствувам добро. Имав тешка недела, не спиев многу, под стрес сум. Ситуацијата дома е малку покомплицирана од вообичаено. Се соочив со поинаков притисок. За среќа, се е во ред, мирно е и затоа успеав да дојдам во Лондон. И мене ми беше важно да бидам тука, изјави Надал и додаде дека сигурно ќе сретнете го Роже на теренот во одреден момент во иднината.

Сето тоа го кажа на денот кога Федерер (41) се пензионираше. Тој имаше емотивно збогување на последниот натпревар. По поразот се обиде да ги сокрие солзите, но не успеа. Почна да плаче пред камерите, не издржа ниту Рафаел Надал (36), кој заплака, а потоа солза пушти и Новак Ѓоковиќ (35).

По се што се случи, се одржа прес-конференција на која шпанскиот тенисер призна дека не се чувствува добро. Тогаш новинарите директно го прашаа за крајот на кариерата.

-Не знам, сè уште не сум стигнал до тој момент. Бев блиску до тоа порано оваа година, нема да ве лажам. За време на Ролан Гарос мислев дека тоа може да биде мојот последен турнир, тоа е само реалност. После тоа имав уште две повреди, прво на Вимблдон, потоа во Њујорк. Многу несреќни околности ми се случија во мојот приватен живот. Навистина не сакам да размислувам за тоа сега. Сакам работите да се вратат на нормално, да бидам здрав и секако да имам мирен приватен живот Сакам мир и на професионално и на приватно поле, заврши Надал кој веднаш се врати дома од Лондон за да биде со сопругата.