Една од најдобрите гимнастичарки во светот, Американката Симон Бајлс, освои бронзен медал на греда. Таа пред неколку дена предизвика шок кога се повлече од натпреварувањето на Олимписките игри во Токио, бидејќи сакала да го зачува своето ментално здравје. Сега таа објасни зошто не била дел од преостанатите пет финалиња, каде што важеше за главен фаворит за златото.

  • Сакам да ја разјаснам приказната за менталното здравје. Многу луѓе минуваат низ ментални тешкотии, но не кажуваат. Ние не сме само забавувачи, ние сме луѓе како и сите други и имаме чувства. Немате поим низ што поминуваме, истакна Американката.

Не и беше лесно да го гледа остатокот од финалињата од трибините, но на крајот сепак успеа да собере сили и да се појави во едно од нив.

  • Беше тешко, тешко. Никогаш не сум била на трибините, не сум навикната на тоа, така што втората шанса за натпреварување ми значеше. Излегов и си реков, што и да се случи, тоа е тоа. Беше забавно, бев нервозна, но бев добро, додаде Бајлс, која беше трета зад 16-годишната Кинезинка Ченченг Гуан и Сиџинг Танг, исто така од Кина.