Немам ништо против Бејл, клубот го брка

108
Тренерот на Реал (М), Зинедин Зидан, во понеделникот изјави дека нема ништо против Герет Бејл и додаде дека само клубот има желба за прекин на соработката. Репрезентативецот на Велс не беше во комбинација за пријателскиот дуел против екипата на Баерн (М) кој заврши со сигурен триумф на баварскиот гигант од 3:1. Веднаш по натпреварот трофејниот француски стручњак изјави дека клубот веќе работи на неговата продажба.
Само неколку часа подоцна, агентот не Бејл, таквата изјава на Зи-Зу ја дефинираше како срамотна. Пред стартот на пријателскиот дуел против Арсенал, Французинот изјави дека неговите зборови не биле сфатени како што треба поради јазичната бариера.
  • Понекогаш мојот шпански јазик е многу сомнителен. Играчите се најважни за мене и јас секогаш ќе бидам со нив. Изјавив дека клубот сака да го продаде. Тоа што е најважно е што Бејл не беше во комбинација за тој натпревар затоа што не сакаше да игра. Бејл и понатаму е фудбалер на Реал (М), изјави Зидан.
Крилниот напаѓач пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2013 година откако лондонскиот премиерлигаш Тотенхем го прифати понуденото рекордно обесштетување од 100 мил. евра. Во дресот на „кралскиот клуб“ Бејл освои четири пехари во Лигата на шампиони.