Немаме понуда за Неимар

52

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо изјави дека клубот не добил никакви понуди за Неимар. Барселона сака Бразилецот да се врати на „Ноу Камп“, но се уште нема официјална понуда.

  • Искрено, немам вести, Неимар не заминува, нема конкретни предлози за него, тој е поврзан со ПСЖ со договор и тој е играч на ПСЖ, изјави Бразилецот.

Тој потоа зборуваше за трансфер плановите на парижаните ова лето.

  • Мислам дека селекцијата е скоро завршена, сакавме да потпишеме со централен дефанзивец и играч од средниот ред. Абду Дијало дојде на позицијата дефанзивец, сега бараме играч од средниот ред, додаде Леонардо.