Хрватскиот ракометен вицешампион Нексе го претстави најновото засилување. Станува збор за искусното десно крило Фахрудин Мелиќ, кој потпиша договор до јуни 2023 година. Последните осум и пол сезони Мелиќ ги помина во Франција, каде ги бранеше боите на Пари Сен Жермен, Шамбери и на крајот Сан Рафаел. Босанецот ќе го покрие недостатокот на десното крило, создаден по повредата на Фран Милета.

Мелиќ (37) кариерата ја почна во сараевска Босна, потоа играше уште за Зрињски, Борац Бања Лука, а потоа по две сезони минати во Горење, премина во редовите на францускиот гигант ПСЖ.