Неколку основни училишта во Јута ја забранија Библијата поради „вулгарности и насилство“

235

Неколку основни училишта во американската држава Јута ја забранија Библијата поради „вулгарности или насилство“.

Училишната област северно од Солт Лејк Сити, која опслужува околу 72.000 ученици, ја задржала Библијата на списокот на дозволени книги за средношколци.

Одлуките беа донесени според законот од 2022 година кој бара од училишните администратори да ги вклучат родителите во одлучувањето што претставува „чувствителен материјал“ за учениците.

Сепак, не е познато кој поднел петиција за забрана на Библијата во некои училишта во Јута. Училишната управа одби да го објави идентитетот на лицето чиј предлог беше одобрен, повикувајќи се на политиката за приватност на училишниот одбор.