Неколку илјади луѓе во Париз на протест на „жолтите елеци“

72

Неколку илјади луѓе се собраа денеска во Париз на протестот на „жолтите елеци”, а собирот го предводеше Жером Родриг, познат како еден од лидерот на движењето, кој минатата недела беше тешко повреден во око.

Родриг, препознатлив по брадата, шеширот, а сега и со превез преку окото, ја предводеше прошетка во Париз, каде што 12 сабота по ред се собираат „жолтите елеци” и покрај најавените реформи на владата и почнување на дебата за решавање на кризата.

Повредениот Родриг ги повика граѓаните да направат колку што е можно поголем бучава, да пеат или да удираа тенџериња.

Денешниот протест на „жолтите елеци” е посветен на демонстрантите, кои беа повредени за време на протестите, кои од 17 ноември секоја сабота се одржуваар низ цела Франција.

Многу демонстранти, во знак на солидарност со Родриг, носеа преврски над едното око.

Министерството за внатрешни работи информира дека до 14:00 часот на целата територија на земјата се собрале 17.400 лица на протестот, а во Париз околу 10.000.

Француската влада претходно соопшти дека од почетокот на протестите на 17 ноември биле повредени околу 2.000 лица, од кои најмалку четворица потешко. Најмалку десет лица загинаа во несреќи поврзани со делувањето на „жолтите елеци“, вклучувајќи ги жолтите елеци.