epa10316682 Novak Djokovic of Serbia in action against Casper Ruud of Norway during the singles final of the Nitto ATP Finals 2022 tennis tournament at the Pala Alpitour arena in Turin, Italy, 20 November 2022. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO ITALY OUT

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по тешката тортура низ која помина минатата година, оваа ќе може да игра на последниот грен-слем турнир во сезоната САД Опен.  Американските власти одлучија да ја укинат забраната за влез во Соединетите Американски Држави за лицата кои не се вакцинирани против коронавирусот.

Ова значи дека за разлика од лани на САД Опен ќе може да игра и Новак Ѓоковиќ кој пред неколку дена по десетти пат го освои Австралија опен.

Оваа година започна на најдобар начин за тенисерот од Србија, кој пред една година беше исфрлен од Австралија, по судска битка за невакцинација против коронавирусот, а потоа поради истата причина го пропушти и САД Опен.

Единствени грен-слем турнири на кои Србинот можеше да учествува лани беа Ролан Гарос и Вимблдон, а титулата ја освои на турнирот во Лондон.

По финалето на САД Опен минатата година, кое се играше на 11 септември, Ѓоковиќ му го отстапи местото на лидер на АТП ранг-листата на Шпанецот Карлос Алкараз.

Властите во САД одлучија да ги укинат забраните поврзани со ковид -19 од 11 мај 2023 година, што значи дека Новак Ѓоковиќ нема да може да учествува на турнирите во Индијан Велс и Мајами од серијата Мастерс 1000, кои се закажана за напролет.

Ова отсуство може да ја загрози неговата позиција на АТП листата, во случај на добри настапи на неговите ривали Карлос Алкараз и Стефанос Циципас на споменатите турнири.

Сепак, сигурно е дека многу поважно му е настапот на САД Опен, особено кога ќе се земе предвид дека води голема трка со Рафаел Надал.

Откако Ѓоковиќ го освои Австралија опен, се изедначи со Рафаел Надал со по 22. Грен- слем титули и водат голема битка за местото на најдобрите во историјата во тенисот.

Ако Ѓоковиќ е крал на Австралија, тогаш Надал е крал на Франција и на Ролан Гарос, а тоа е токму следниот грен-слем, а ќе биде интересно да се види дали некој од двајцата ќе стигне до 23. титула и ќе се издвои на врвот.