Микробрановата печка е едноставна за употреба бидејќи на брз начин можете да ја подгреете храната. Иако храната од микробранова печка не е така добра како свежата, не можеме да не се сложиме дека тоа е добар начин да добиеме порција топла храна со минимален напор.

Но, постојат некои намирници кои никогаш не треба да ги подгревате во микробранова печка.

Ориз

Погрешното подгревање на оризот може да доведе до труење со храна, кое е предизвикано од бактеријата Bacillus cereus. Оризот пред да го ставите во фрижидер оставете го на собна температура околу еден час. Потоа кога го загревате оризот потребно е да го загреете целосно. Оризот кој бил во фрижидер повеќе од еден ден, никако не го ставајте во микро печка. Подобро фрлете го!

Јајца

Немојте да ги загревате јајцата! Јајцата ќе станат токсични. Најдобро е да ги додадете остатоците од јајца во салата, за да не мора подоцна да ги подгревате.

Спанаќ

Спанаќот е богат со витамини и минерали. Токму поради оваа причина тој е важна состојка во повеќето здравствени диети. Слично на целерот сепак и тој ги губи хранливите вредности по негово загревање.

Печурки

Печурките се исклучително богати со протеини, аминокиселини и витамини. Сепак тие се многу тешки за варење. Ако ги подгревате остатоците од ризотото, само ќе ги влошите работите. Составот на протеинот се менува, а тоа од своја страна ќе доведе до болки во стомакот и оток. Најдобро претоплете го останатото јадење со печурки на фурна на не повеќе од 170 степени.

Компири

Да, звучи изненадувачки, но компирите исто така влегуваат во оваа црна листа. Освен што ги губат своите здравствени придобивки и вкус, тие дури можат да доведат до труење, ако стојат во алуминиумска фолија на собна температура.

Пилешко

Протеините кои се содржат во месото, претрпуваат промени при загревање. А тоа од своја страна доведува до лошо варење. Најдобро додадете ги остатоците од пилешко месо кон салата или сендвич.

Цвекло

Најдобро е да го консумирате сурово. Инаку ова е една важна моќна состојка за супа или салата (но не и ако го загреете).

Покрај овие намирници во микро печка не ги загревајте ниту брокулата, смрзнатото овошје, состо од домати, месните преработки, лебот, целерот и храна која веќе сте ја подгревале.