Животот е непредвидлив и никогаш не се знае што носи иднината. Тоа на своја кожа го почувствува некогаш познатата холивудска убавица, Лони Вилсон, сега непрепознатлива бездомничка на улиците на Лос Анџелес. Поранешна манекенка и поранешна сопруга на ѕвездата на Baywatch, Џереми Џексон, е фотографирана на улиците на Лос Анџелес, каде што сега живее.

Непрепознатливата Лони е снимена како влече се што поседува во количка и куфер по улиците на градот каде што некогаш беше позната како богаташка и една од најпосакуваните жени во гламурозниот град.
Во 2018 година се дозна дека Лони живее како бездомник, кога фотографите ја препознале и ја снимиле. Новинарите кои разговараа со неа тогаш рекоа дека таа „целосно го изгубила умот“.

Откако фотографиите се појавија во јавноста, неколку нејзини поранешни пријатели покренаа акција за да ја тргнат од улица, но не успеаја.

Наводно, Лони само се истуширала и ручала во хотелот што го платиле за неа, а потоа се вратила на улица. Во краткото интервју за Дејли Мејл, таа тогаш изјави дека тоа и е прво туширање по една година.

 

„Не се мијам намерно. Улиците се опасни, не сакам некој да ме силува“, рекла таа.

„Убаво живеам на улица, Лос Анџелес е богато место, луѓето фрлаат секакви работи и лесно можам да најдам храна во ѓубрето. Луѓето ми даваат пари, некои 20, некои 40 долари, и тоа ми е доволно“, рекла поранешната манекенка.

И денес, пет години подоцна, се чини дека Лони го живее истиот живот.

Поранешниот модел доживеа нервен слом во 2016 година и оттогаш живее на улиците во Лос Анџелес. Според нејзините познаници, нејзиниот живот тргнал во надолна линија по разводот со Џереми Џексон во 2014 година. Таа не можеше да се помири со тоа, а нејзиниот поранешен сопруг не сакал ништо да има со неа после тоа.
Тие беа во брак од 2012 до 2014 година, а се разведоа по бројните караници под дејство на алкохол.

Џереми го играше Хоби Бјукенон, синот на главниот лик Мич, во мегапопуларниот Baywatch. Неговата поранешна девојка Синди Ковач, претходно за американските медиуми изјави дека Џереми „едноставно не се грижел“ за поранешната сопруга.

„Ми се згади од неговата реакција на информацијата дека Лони живее како бездомник“, рече таа пред неколку години.