Тој/таа ја скратила косата, пуштил/а појака густа брада, па си заличи на маж. Вели дека доста од себе правеше атракција, дека е маж и дека сето тоа било само за добра забава која му овозможи да победи на Евровизија

Евровизиската победничка Кончита Вурст сè уште добро ја паметиме. Таа или тој победи на натпреварот во Виена и остана запаметен или запаметена како еден од двајцата трансвестити кои триумфирале на овој музички спектакл, покрај Израелката Дана Интернешнл. Да потсетиме, Кончита е родена како момче со името Томас Нојвирт во Австрија, а ја шокираше јавноста во 2014 година, кога на сцената на најголемиот музички натпревар се појави како брадеста жена со долга коса и женствен фустан.

Оттогаш започна нејзиниот успех во музиката. Таа во меѓувреме напишала и книга. Кончита потоа го збуни светот кога објави дека е ХИВ-позитивна. Поради заканите од поранешното момче признала дека со него долго време живее имајќи го вирусот. После сè, сега одлучила да се разоткрие со своето вистинско име Томас. Тој ја скратил косата, пуштил појака густа брада, па си заличи на маж. Вели дека доста правеше атракции, дека е маж и дека сето тоа било само за добра забава која му овозможи да победи на Евровизија. Храбро, нели? Д.М./foto>Instagram/