Некогаш и не треба да се воздржувате – помалку боли кога ќе кажете пцовка, тврдат научниците

66

Пред околу една деценија, британскиот психолог Ричард Стивенс од Универзитетот во Кил, заедно со својот тим утврдил дека простиот начин на пцуење им овозможувал на учесниците во експериментот да ја ублажат болката и да стекнат моментна поголема толеранција на неа.

Понатамошните истражувања покажале дека влијаниео има и тоа доколку учесниците кажуваат пцости во секојдневниот живот. Оние пофините бележеле поголем ефект и позначително намалување на болката кога ќе кажеле пцовка во однос на „кочијашите“.

Сега, во најновото истражување, Стивенс и неговиот колега Оли Робертсон се обиделе да утврдат колкаво влијани на намалувањето на болката има типот на пцовката која се употребува.

Во текот на експериментот, 92 испитаници ја ставале раката во када наполнета со студена вода на температура меѓу 3 и 5 степени Целзиусови и ја чувале внатре колку што можеле да издржат.

Кај учесниците биле следени виталните знаци, како брзината на срцебиењата, а на секои неколку секунди изговарале еден од недозволивите зборови за да се види каков ефект имаат на нивната перцепција и толеранцијата на болката.

Резултатите ги потврдиле претходните експерименти на Стивенс, покажувајќи дека изговарањето на зборот да ти е…м влијаело на зголемувањето на толеранцијата на болка за 33 отсто, како и значајно моментно намалување на болното чувство.

Извор:www.foxnews.com