Британскиот пилот Александер Албон (Ред Бул) е најдобар доказ дека во Формула 1 шампионатот сè е можно, доколку се најдеш на вистинско место во вистинско време. Тој минатата сезона немаше пари за да го осигура местото за цела сезона во Формула 2 и доби договор со ДАМС на само неколку воведни трки, но по победите избори опстанок и за прв пат го привлече вниманието кај челниците во елитното автомобилистичко натпреварување.

„Биковите“ неколку пати се двоумеа, но на крајот го донесоа во тимот на Торо Росо, па Албон заврши во Формула 1. Иако не одработи ниту еден тренинг тест, уште во Февруари во Барселона покажа дека има способност да се снајде меѓу елитата, а со солидните настапи заслужи позитивни критики во првите 12 трки во Ф1.

Меѓутоа, Албон сигурно не верувал дека набргу ќе премине во редовите на еден од најдобрите болиди на патеката, Ред Бул. Со овој болид, неговиот веќе клупски колега, Макс Верстапен, победи два пати сезонава, а воедно беше и на пол – позицијата во Унгарија.

  • Неверојатно е тоа што Ред Бул ми даде ваква голема шанса. Не можам да кажам колку сум им благодарен. Скокнав во длабоката вода, но облеков само гаќи за капење, опиша сликовито за својата ситуација Албон, кој е роден во Лондон, а по потекло е од Тајван.

Александер дојде на местото на Пјер Гасли, кој не се пронајде најдобро во ударниот тим на „Биковите“.