Бурек – на многумина омилена храна. Идеален за појадок, но може да се јаде и за друг оброк. Речиси е незамисливо кога со друштвото се враќате од вечерен провод да не свратите на бурек во пекара.

Бурекот може да се најде во многу земји кои некогаш биле во составот на Османлиското царство. Се прави од лиснато или кисело тесто, воглавно со сирење, месо, но и спанаќ…

Веројатно потекнува од турската кујна. Зборот „berek“ (тур. börek) е турски збор за слоевито јадење од тесто, но и за останатите јадења од тесто. Но, само во турскиот јазик овој збор има толку жироко значење. Во останатите јазици, во кои овој збор е позајмен, се однесува само на некои видови на пециво.

Бурекот има две реализации: една во Македонија и Србија, а друга во Босна и Херцеговина. Се прави и во Хрватска и во Словенија, каде ги вовеле воглавно албанските и босанските пекари од 60-тите години на минатиот век.

А, денеска е Светски ден на бурекот. Па нека е честит!