Младата инфлуенсерка од Неапол, Кјара Насти, е новата „жртва“ на ѕвездата на ПСЖ, Бразилецот Неимар. Офанзивниот ограч се обидува да ја придобие девојката со која од неодамна се забавува фудбалерот на Рома, Николо Заниоло.

Нејмар е познат по тоа што флертува со разни девојки, а овој пат со „лајкови“ се обидува да ја ќари Кјара, која е во врска со Заниоло. На овој начин, Неимар се обидува да го привлече вниманието на младата Италијанка и нема сомнеж дека донекаде успеа во тоа.

Останува да видиме во наредните денови дали активностите на Неимар на социјалните мрежи ќе му наштетат на Заниола и неговата љубовна врска.