Неимар се враќа во Барса

282

Добро упатениот бразилски весник „Глобо Еспорте“, објави ексклузивна информација дека најскапиот фудбалер на денешницата, Неимар, за време на летниот преоден рок ќе се врати во редовите на каталонскиот гигант Барселона иако пред две години беше купен од ПСЖ за рекордни 222 мил. евра.

„Глобо Еспорте“ се повикува на добро упатените извори од двата клуба кои тврдат дека двата тима се седнати на преговарачката маса и дека Неимар ќе се врати на „Ноу Камп“ за неколку недели. Барселона е претставена од претседателот Жозеп Марија Бартомеу, кој во 2017 година го продаде Бразилецот за рекордно обесштетување.

Сепак, Неимар не ги исполни очекувањата на клупските челници кои немаат ништо против кога е во прашање продажбата на најголемата ѕвезда во Париз. Дека сите играчи се на продажба потврди и сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, кој во интервјуто на Франс Фудбал потврди дека му е преку глава од однесувањето на некои играчи. Ал Келаифи директно не го посочи Неимар, но потврди дека ќе го продаде Бразилецот доколку добие некоја неморална понуда.

Како што пишува „Глобо Еспорте“ под неморална понуда се подразбира обесштетување од 100 мил. евра плус еден играч по избор. Каталонскиот гигант ги има понудено Иван Ракитиќ, Осман Дембеле и Самуел Умтити. ПСЖ е најзаинтересиран за Дембеле кој пред две години беше купен за 105 мил. евра.