Неимар не подели на оженети и слободни, а потоа…

147

Пред неколку недели репрезентативецот на Белгија, Томас Муниер, ги напушти редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, и го облече дресот на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд. Веднаш откако се пресели на „Сигнал Идуна Парк“, офанзивниот бек изјави дека раководните лица на „светците“ од него побарале да игра за „кикирики“.

Сепак, неколку дена подоцна, Муниер, повторно го привлече вниманието на спортската јавност со тоа што опиша една забава која била организирана од најскапиот фудбалер на денешницата, Неимар. Белгиецот потврди дека сите забави биле организирана на некаква екстравагандни места, но никогаш не можел да сфати зошто имало потреба од такво нешто.

Бразилецот често пати знаел да изнајми два спрата од некоја зграда и куќа затоа што сакал на едниот спрат да бидат оженетите, а на другиот слободните гости.

  • Само роденденските забави, неверојатно. Кога бев во Бриж, роденденските забави ги славевме со играње пикадо, во некој ресторан или во базен, но во Париз, тие забави беа на едно повисоко ниво. Најчесто се изнајмуваше некоја голема куќа или зграда и на забавите присуствуваа и повеќе од 100 луѓе. Да се знае за кој клуб игра славеникот. Тогаш се гледа дека тие луѓе не се само фудбалери, дека се и ѕвезди. Убаво се забавував, но се тоа беше малку екстравагандно. Најчесто во стилот „дали виде што направив“ или нешто слично. Сепак, така се функционираше, откри Муниер.

Јавноста добро е запознаена со забавите кои ги организира бразилскиот интернационалец. Последниот роденден Неимар го славеше во ноќниот клуб „Yo Yo“, кој е лоциран на само неколку минути од Ајфеловата кула. Сите тимски колеги дојдоа во 21:00 часот, само Килијан Мбапе, кој дојде во 23:30 часот затоа што беше на добротворната вечера која беше организирана од неговиот репрезентативен колега, Блаис Матиуди.

И на таа забава, гостите беа поделени на два спрата. Оженетите беа на вториот спрат, а слободните беа на првиот спрат.

  • Што се има случено за време на забавата? Подобро да ме прашате што не се случи за време на забавата, изјави шпанскиот интернационалец од редовите на ПСЖ, Андер Ерера.