Неимар недостапен за Реал (М)

87

Поголемиот дел од француските медиуми ја пласираа и информацијата дека челниците на ПСЖ ја одбиле и најновата понуда на шпанскиот гигант Реал (М), која била наменета за услугите на бразилскиот интернационалец Неимар.

Раководните лица на „кралскиот клуб“ понудиле 100 мил. евра за обесштетувањето, но ги понудиле и услугите на Герет Бејл, Кејлор Навас и на Хамес Родригез. Иако станува збор за повеќе од привлечна понуда, истата експресно била одбиена од актуелниот шампион на Франција.