Неимар е добродојден во Барса

60

Уругвајскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Луис Суарез, откри дека би немал ништо против доколку повторно соработува со бразилскиот интернационалец од редовите на ПСЖ, Неимар.

  • Моментално, Неимар ужива во Париз и јасно дека таму има неколку зацртани цели. Сепак, најдобро е покрај себе да имаш еден таков играч, напаѓач, пријател и фан. Мислам дека е повеќе од комплициран неговиот можен кам-бек на “Ноу Камп”. Сите добро знаеме дека станува збор за фудбалер кој може да ја напрви потребната разлика на зелениот терен, изјави напаѓачот на Барса.